Утринско кафе со Дејан Тасев: Хармонијата во семејството е мотивација за успех

Обично станувам рано. Се подготвувам за дневните обврски. Го носам син ми во градинка. Потоа одам на работа. Првото утринско кафе го пијам најчесто со сопругата и нејзината сестра на работа.


Ме мотивира семејството и позитивната мисла. Кога во едно семејство има хармонија, има и позитивна енергија и мотивација за поголеми успеси на секое поле.


Не можете секогаш  да го испланирате секој ден. Но, моите дневни обврски обично се станување рано како што напоменав,да го носам син ми во градинка и да одам на работа во нашата семејна компанија.


На крајот од денот обично сме уморни. Се собираме сите дома. Но, по краткиот одмор,се случува  со сопругата да испиеме чаша добро вино, пред спиење.


 Како велат: читањето е мајка на знаењето. Сепак сакам да изгледам и добар филм, но и добар натпревар од било кој спорт. Тоа многу ме релаксира.


*Дејан Тасев - Пејач