Утринско кафе со д-р Роберт Стојовски: Покрај испиената шолја кафе, енергија ми дава и спортот
Вообичаено сам го пијам утринското кафе преку недела, а за викенд во тоа задоволство уживаме заедно со сопругата.
Со оглед на тоа што не доручкувам, кафето и цедениот сок ми се исклучително важни за убаво да ми тргне денот (се смее).
Како се прави кафе по мој вкус...Па, многу е комплицирано за правење (се смее). Врела вода и нес кафе 2 лажички - тоа е сè.
Освен испиената шолја кафе, дополнителна енергија ми дава дефинитивно спортот, посебно кога е убаво времето, пешачењето до Средно Водно го практикувам секојдневно.
Мислата дека секој ден можам да бидам подобар професионално и приватно и дека секој нов ден ми е се поубав од предходниот ако направам се што сум замислил - Тоа е мојата мотивација во животот.
Дневни планови и обврски ми се: Работа - спорт - работа и на крај од денот дома .
Денот најчесто ми завршува со ќерка ми и сопругата играјќи некоја игра по мерак на Миа.
Од книги, избирам само професионални бидејки секој ден мислам дека може да се надградам, а филм често гледаме по избор на ќерка ми.
За почеток или крај на денот немам некоја посебна мисла, едноставно гледам да уживам во секој ден и на секое место каде и да сум.
*Доктор Роберт Стојовски - Специјалист за пластична и естетска хирургија, напредни нехируршки третмани