Утринско кафе со Мери Акиевска: Кога сум во период на строги подготовки сакам да сум сама, ми треба одмор не сакам да се преоптеретувам со нечии мислења

Денот ми започнува со утринско кардио на празен стомак. 

Мотивација ми е мојата форма особено за време на подготовки. Секој ден ја приметувам мојата промена и трансформација видлива на облини и форма. 

Моите дневни планови се секојдневие - рано будење, рано легнување, утрински тренинг, работа, повторно тренинг и многу важно моите оброци кои секогаш се по мерка и на време, за да би изгледале спремни и за тренинг но и на сцена. 

Денот ми завршува со одличен протеински шејк пред спиење. Кога сум во период на строги подготовки најчесто сакам сама да бидам ми треба доволно одмор не сакам да се преоптеретувам со нечии мислења. Но и најдоброто за мене го правам правилно нормално во склоп со мојот успех кој го посакувам и достигнувам. 

Многу краток период од денот сум слободна,но викендот го користам за одмор па би можела да прочитам некоја книга, а за филм не сум некој тип што обожава филм или седење пред ТВ, но затоа нонстоп слушам музика. 


*Мери Акиевска - бодибилдерка*