Утринско кафе со ... // Утринско кафе со ...
Утринско кафе со Розалиа Митрев: Најголема мотивација ми е љубовта кон и од моето семејство
Денот ми започнува со подготвување на децата за градинка, а потоа продолжувам со едно гооолемо кафе и читам по некоја позитивна мисла.
Најголема мотивација ми е љубовта кон и од моето семејство.
Во мојата работа имам постојана комуникација со клиенти, размена на мислења – овде се создаваат многу пријателства и сето тоа ме мотивира и исполнува.
Секој слободен момент го користам за моите деца, а најголеми активности се одвиваат после завршувањето на работните обврски, стигнуваме и до диско забава (се смее).
Децата заспиваат околу 21:30 часот, а потоа со сопругот гледаме некое филмче и дискутираме за нештата што ни се случиле преку ден.
Книги најчесто читам наутро или преку ден, сакам психолошки книги, а ако гледам филм претпочитам тој да биде мистерија.
* Розалиа Митрев - Мејк-ап артистка*