Утринско кафе со Тамара Ангеловска: Енергија добивам од неколку испиени кафиња во текот на денот

Првото утринско кафе го пијам во различно време и на различно место. Со оглед на тоа што постојано сум на различни места, патувам поради работата, истото го консумирам со различни персони, соработници, пријатели , а многу често и сама. 

За мене бенефитите се огромни, бидејќи сум вокркохолик потребна ми е огромна енергија , за да одговорам на сите обврски, а токму таа енергија ја добивам од неколкуте кафиња кои ги консумирам во текот на денот. 

Моето омилено кафе не би можела да го приготвам сама, бидејќи има посебна магија. Тоа е италијанското кафе , што го консумирам многукратно кога сум таму, а тоа е кафе со вкус на бадем и малку млеко. 

Дополнителна енергија ми дава работата, бидејќи јас сум вљубена во уметноста и таа мотивација ми дава огромна енергија. 

Ме мотивираат високо поставените цели, желбата за усовршување. По природа сум перфекционист иако не постои совршенство, се трудам да бидам блиску до него особено кога станува збор за работата. 

Денот најчесто го почнувам и завршувам со проби (оперски и театарски) и со подготовки за нови проекти. 

Најчесто го завршувам денот со чаша вино и убав филм , кои се избор на мојот партнер. А, кога сум сама со квалитетна музика и прошетка низ градот. 

Денот најчесто го завршувам со убав филм или квалитетна книга, тоа се најчесто психолошките трилери на кои сум огромен фан. 

"La vita e bella" тоа е моето мото, со коешто ми почнува секој ден.

*Тамара Ангеловска – оперска певица и актерка