Животна училница // Приказни
Ужива во Солун со момчето: Јелена Спенџарска сподели фотографија со љубениот
Водителката и инфлуенсерка Јелена Спенџарска се чини дека го живее најубавиот период од својот живот.
Откако летоска уживаше во вистинска смисла на зборот и беше на неколку одмори на различни дестинации, таа во моментов слободното време го посвети на своето момче.
Неодамна Спенџарска на социјалните мрежи сподели дека ја нашла својата сродна душа, меѓутоа не покажа за кого станува збор.
Овој викенд реши да направи исклучок, и на својот профил на Инстаграм сподели дека ужива во Солун со љубениот.
- Го носам аутфитот на моето момче- напиша таа на фотографиите.
- На пат да си го „направиме денот“ - напиша во описот на друга фотографија каде со момчето се шетаат фатени за рака. Потоа сподели како уживаат во грчка храна.