Во 40-те ја пронајде љубовта на својот живот: Алесандра Амбросио „уловена“ со згодниот избраник на Хаваите (ФОТО)

Прославената манекенка и поранешен „ангел на Викторија“, Алесандра Амбросио со месеци ужива во љубовната врска со избраникот Ричард Ли, а есенските ноемвриски денови ги искористија за егзотично патување на Хаваи каде уживаат во зовриени страсти и романтични прошетки на плажа.

Папараците неколку пати ја фотографираа Алесандра во друштво на згодниот Ричард кој влезе во шестата деценија од животот, и со тоа ја потврди врската и љубовта која не може да се сокрие.

На Хаваите се однесуваа многу лежерно иако знаеја дека нивните страсни моменти ќе се појават во светските медиуми. Манекенката избра дводелен црвен костим за капење.

Алесандра и нејзиниот поранешен партнер Џејми Мазур добија две деца, ќерката Ања Луиз и синот Ноа Феникс, а по десет години под ист покрив, во 2018 година решија да ја раскинат свршувачката и секој да тргне по својот пат.

По овој љубовен крах, манекенката влезе во романса со Никола Оди.. Меѓутоа, ниту оваа врска не успеа, па по неколку месеци згодниот Ричард најверојатно ѝ ја вратил вербата во вистинска среќа.

извор:GLOSSY
фото:MEGA/PROFIMEDIA