Војвотката Кејт му го врачи седмиот Вимблдон трофеј на Ѓоковиќ: Малиот принц Џорџ воодушевен од Новак, навиваше за него (ВИДЕО)

Војвотката Кејт Мидлтон му го врачи трофејот на Новак Ѓоковиќ откако вчера по седми пат го освои Вимблдон и 21-ви по ред Гренд слем во кариерата.

На тенискиот меч, традиционално и оваа година присуствуваа принцот Вилијам, војвотката Кејт и нивното најголемо дете, принцот Џорџ.

Пред натпреварот, малиот принц Џорџ беше прашан кој би сакал да победи, а тој низ насмевка одговори Ѓоковиќ.


Кејт Мидлтон пак, во совршено елегантен фустан со точки, му го врачи трофејот на Новак.

По спектакуларното финале на Вимблдон 2022 година, Ѓоковиќ и Ник Киргиос тргнаа секој по својот пат па Ноле се сретна и со дамата која предизвика огромно внимание со своето појавување на Грен слем турнирот, како и секоја година.

По доделувањето на пехарот, Кејт го „пресретнала“ Новак, кој тргна да ги поздрави навивачите со пехарот од балконот на главната зграда на „Свенглиш клуб“: Војвотката од Кембриџ му го честиташе седмиот Вимблдон на српскиот ас, а малиот Џорџ трпеливо го чекаше Новак.

Новак не само што го поздрави малото момче кое е трето во редот за наследување на британскиот трон, туку и го воодушеви - накратко му го врачи трофејот на Вимблдон:

Тоа беше сцена која воодушеви многу Британци, кои веднаш реагираа на социјалните мрежи, но Ноле не се задржа предолго, туку побрза на споменатиот балкон.

Инаку токму вчера, Новак и Јелена прославија и осумгодишнина од бракот, па тој ѝ ја посвети победата на сопругата.

Заедно се од 17 години, ги победија сите препреки: Јелена и Новак Ѓоковиќ прославуваат 8-годишнина од бракот


На вечерата по Вимблдон, Јелена и Ѓоковиќ воодушевија во елегантно издание.



фото;instagram