Заедно се од 17 години, ги победија сите препреки: Јелена и Новак Ѓоковиќ прославуваат 8-годишнина од бракот
Нивната љубов започнала кога биле тинејџери. А пред осум години, кога Ѓоковиќ го освои Вимблдон, се венчаа четири дена подоцна.
Новак и Јелена Ѓоковиќ ја слават осмата годишнина од бракот. Двајцата се венчаа на Свети Стефан, на гламурозна прослава во друштво на роднини и пријатели. Само четири дена по освојувањето на титулата на Вимблдон, двајцата го кажаа судбоносното да.
По тој повод Јелена на Инстаграм денес објави низа спомени со интересна порака:
— 8 години во брак, но имаме само 17 години заедно! Тинејџери – напиша таа во описот на фотографиите бодрејќи го сопругот за финалето.
Сите имаа само најубави желби за славниот пар.
За потсетување, Ѓоковиќ го кажа судбоносното „да“ на 10 јули, само четири дена откако ја освои втората титула на Вимблдон победувајќи го Роџер Федерер во финалето, пишува Курир.
Новак и Јелена станаа родители само неколку месеци подоцна, бидејќи Стефан се роди во октомври 2014 година, а девојчето Тара се роди на 2 септември 2017 година.
извор:stil.kurir
Љубов која победи сѐ: Погледнете како низ годините се менуваа Новак и Јелена додека нивната врска стануваше сѐ поцврста (ФОТО)
Јелена и Новак во Дубаи модно усогласени: Покажаа дека хармонијата и љубовта сè уште владеат во нивната врска