Јелена и Новак во Дубаи модно усогласени: Покажаа дека хармонијата и љубовта сè уште владеат во нивната врска

Добивај вести на Viber

Насловно фото: Profimedia

Новак и Јелена Ѓоковиќ се сретнаа во Дубаи за да ја претстават работата на Фондацијата Новак Ѓоковиќ посветена на раниот детски развој.

Појавувањето на Јелена и Новак Ѓоковиќ во Дубаи беше проследено со громогласен аплауз, а по тој повод Јелена изјави дека мисијата на фондацијата Новак Ѓоковиќ е да го промени светот на подобро инвестирајќи во раниот развој.

„Мисијата на Фондацијата е да му обезбеди на секое дете еднакви шанси за подобра иднина. Ќе продолжиме да работиме заедно за да ја исполниме нашата цел да обезбедиме пристап до квалитетно предучилишно образование на секое дете во Србија до 2030 година“, рече Јелена.


Откако фотографиите се појавија на социјалните мрежи, на следбениците им стана интетесен фактот дека парот се облекол слично. Тие се одлучија за неутрални светли и нежни беж нијанси. Новак носеше едноставна тесна бела кошула и беж панталони, а носеше и беж еспадрили со бел ѓон, за нијанса потемна од панталоните.

Јелена беше во слична комбинација. Таа се одлучи за блуза во боја на бело вино, пудра розови панталони и рамни беж патики.



Со оглед на тоа што до неодамна се шпекулираше дека има проблеми во бракот на славната двојка, но и дека помпезноста настана откако Новак Ѓоковиќ во неодамнешното интервју за Би-Би-Си изјави дека не треба да се поврзува со движењето против вакцините, туку го поддржува правото на избор на поединецот, нивните координирани облеки се исто така начин да му покажат на целиот свет дека, на крајот на краиштата, хармонијата и љубовта сè уште владеат во нивната врска.

Повеќе од јасно е дека емоциите во нивниот случај се силни како првиот ден, иако за време на целата слава и драма за Новак и сите изјави на неговото семејство во врска со вакцинацијата и учеството на турнирот во Австралија, Јелена Ѓоковиќ реши да се држи настрана, во исто време таа апсолутно застана на негова страна - дури и ако целиот свет и замери.