Со повреди на главата и расекотини по телото: Марко Миљковиќ полицијата го донела во Ургентен центар по страшен скандал со соседите
Поранешниот учесник на „Задруга“ и јутјубер Марко Миљковиќ, кој живее со сопругата Луна Ѓогани и нивните две ќерки на Бежанијска коса во Белград, сними како полицијата доаѓа во нивниот дом
Имено, Марко се пожалил на станарите кои живеат над нив, бидејќи му фрлале помија на терасата, а потоа, како што самиот рекол, им возвратил со јајца. Миљковиќ потоа повикал полиција во станот и бил многу лут.
Имено, набргу откако оваа вест се појави на порталите, новинарска екипа го фотографирала Миљковиќ во Ургентниот центар додека бил на преглед кај лекар.
Тој бил донесен во Ургентниот центар придружуван од двајца полицајци во искината маица, со лисици, видно лут.
Како што пишува „Блиц“, Марко Миљковиќ бил примен во Ургентниот центар во придружба на полиција. Тој се степал, поради што се здобил со повреди на главата и расекотини по телото.
Извор: nova.rs