Победникот на Евровизија Салвадор Собрал бил подложен на операција за пресадување на срце, објавија португалските медиуми.
Операцијата била направена на 8-ми декември. Лекарите увериле дека трансплантацијата е успешна. Сега пејачот треба да помине низ долг процес на рехабилитација.
Кон крајот на септември пејачот ги откажа сите свои концерти и најави дека слегува од сцената поради проблемите со срцето.
На овогодинешниот натпревар за песна на Евровизија во Киев, Собрал ја изведе португалската песна Амар Пелос Доис ("Љубовта е за двајца"), што беше високо ценета и од жирито и од публиката.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=35&v=ymFVfzu-2mw