Катарина Ивановска го покажа новото момче: Заљубени ја шетаат Италија

Добивај вести на Viber

Познатиот македонски модел Катарина Ивановска е на патување во романтичната Италија, заедно со нејзините две деца Вања и Кира и со нејзиниот нов партнер.

Моделот изминатите неколку денови објавуваше фотографии од посетата на неколку градови во Италија, но и во Словенија.

„Пролетен одмор“, напиша Катарина на фотографиите, помеѓу кои и една на која новото момче ја бакнува.

Како и секогаш Катарина изгледа одлично. За дневна прошетка одбрала кежуал долг маслинест фустан, искомбиниран со црно палто и бели патики.

За потсетување, Катарина Ивановска беше во врска со поранешниот македонски кошаркар Перо Антиќ.

Фото: Инстаграм