Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“
НЛБ Банка како дел од регионална Групација која оперира на 6 различни пазари во рамки на регионот на Југоисточна Европа (Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија), веќе четврта година по ред го реализира проектот „Рамка за помош“, станува збор за иницијатива која има за цел да ги помогне и промовира иновативните проекти кои го подобруваат и збогатуваат нашето општество и решаваат предизвици како што се на пример: прекумерна употреба на дигитални технологии кај младите луѓе, врсничко насилство, кршење на човековите права, родова еднаквост, сиромаштија, како и предизвици поврзани со деменција и други болести на стареењето на населението.
Приказната на Мариа Дуда од „Кантрисајт Ретрит“ е навистина инспиративна и поттикнувачка. Нејзината идеја да ги вдоми и да им пружи помош на животните кои се во категоријата „бездомни“ прераснала во социјално претприемништво. Но тука не застанала со своите желби и потреби. Со отворање на ранчот „Кантрисајд Ретрит“ преполн со животни, стана место за социјална инклузија и првиот Green Comfort Center за терапија со животни во државата.
Престојот во природа не е само добар начин да уживате. Истражувањата покажуваат дека поминувањето време во природа може да го подобри вашето здравје и да го намали ризикот од смрт.
Со престојот во природа и поминување на слободното време во друштво на животните, Мариа го почувствувала бенефитот, а тоа е мирот.
Токму таков бенефит посакува да почувствуваат и сите дечиња со физички предизвици, преку хипотерапијата за која ќе прочитате подолу во текстот.
Хуманата мисија на „Кантрисајт Ретрит“ ја препозна и НЛБ Групацијата, па оваа година им дадоа можност на оние кои работат за доброто на луѓето да бидат и наградени како дел од проектот „Рамка за помош“.
Во проектот одбрани се 10 финалисти од нашата земја кои ќе бидат наградени со финансиска и комуникациска поддршка. Во проектот „Рамка за помош“ одбрани се 10 финалисти од нашата земја. Во овој проект ќе има 3 победници кои ќе ги одбере регионалната комисија, од вкупно 60-те финалисти од регионот, како Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Србија и Северна Македонија.
Добитниците ќе бидат објавени на 9-ти мај 2024-та година во Љубљана, а ќе добијат значајна финансиска поддршка која ќе им овозможи полесно да ја реализираат својата визија и да почнат да ги менуваат општеството и светот на подобро.
1. За срцето на човекот може да судиме по неговото однесување кон животните. Мариа Дуда е девојката која стои зад иницијативата „Кантрисајд Ретрит“ и првиот Green Comfort Center за терапија со животни во државата. Што всушност значи ова?
„Кантрисајт Ретрит е создаден како зелен центар каде сите спасени животни на ранчот се природни терапевти да мотивираат и инспирираат луѓе“.
2. Од каде идејата да отворите еден ваков топол дом во природа и на некој начин природата и животните да ги доближите поблиску до човекот?
„Самата идеја се роди пред неколку години. Тогаш имав само еден коњ за сопствена потреба и рекреативно јавање, но за време на ковид периодот решив да го споделам со јавноста, а и просторот за посетители. Тоа што кај мене делуваше смирувачки со секој поминат миг во природа и со животните видов дека во други земји низ светот се препишува како терапија и сакав истата да ја применам и тука на „Кантрисајт Ретрит“.
3. Каков вид терапија е хипотерапијата, на што се базира и како се применува кај лицата со физички и ментални предизвици и попречености?
„Хипотерапијата е изведба на одредени вежби на коњ за подобрување на психомоторичките способности кај поединецот со помош и движење на самиот коњ. Се практикува за лица со физички предизвици како што се церебрална парализа, даунов синдром, различен спектар на аутизам и слично. Иквине (Equine) терапијата се практикува кај лица со ментални предизвици, а тоа подразбира – грижа и нега за коњите, па се до терапевтско јавање кое ја подобрува самодовербата, борбата против депресијата, стресот и паничните напади“.
4. Кои се придобивките од еден ваков вид терапија?
„Кога континуирано одреден период се оди на хипотерапија кај лицата со попреченост добивате сосема нови резултати, а самото присуство или знаење дека еве на пример секоја недела се оди на хипотерапија, самите лица покажуваат емоции, емпатија и сл. Психофизичките придобивки се неминовен резултат како правилно држење на телото, активирање на мускулни групи кои се запоставени, а исто така и оној дел на развој на грижа, емпатија, фокусираност и дисциплина“.
5. Како ќе ни ја опишете средината и атмосферата во „Катнтрисајт Ретрит“?
„„Кантрисајт“ брои моментално 45 спасени животни како што се штркот Пипи, ежот Боцко, трите баби магарици, коњите, африканските мини кози кои обожаваат да се галат и да се сончаат на платформата на базенот, па се до мачињата, кучињата, зајчињата, патките. Едноставно не може да ти е досадно по никоја цена кога си на ранчот“.
6. Ранчот „Катнтрисајт Ретрит“ е еден од 10-те финалисти од проектот „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата, кој ќе поддржи проекти кои го подобруваат и збогатуваат општество и решаваат предизвици. Што значи ова за вас?
„Мило ми е е што НЛБ ја препознаа нашата идеја на нивниот повик и ја поддржаа, нас тоа ни е од огромно значење затоа што секогаш е потребна грижа, нега и храна на сите животни. Ние ќе ги искористиме средствата за таа намена“.
7. Со каков проект учествувавте во проектот „Рамка за помош“?
„Проектот со кој учествувавме беше специјализирана програма за хипотерапија, која лани ја завршивме успешно и ја нудевме бесплатно, па така да и во овој случај ако се најдеме во трите регионални финалисти би сакале тие средства да се искористат за бесплатна хипотерапија за секое дете и возрасен кој се соочува со некакви психофизички предизвици во животот“.
8. Преку овој проект на НЛБ Групацијата како финалисти ќе добиете и финансиска поддршка. Каква цел ќе реализирате со финансиите?
„Како дел од десетте финалисти од државата, тие средства ќе ги искористиме за грижа и нега на самите животни. Ако сме селектирани во првите три регионални добитници на помош од НЛБ, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава“.
9. НЛБ Групацијата ја препозна вашата иницијатива која е општествено одговорна и делува за подобро општество, колку ви е мотив и поддршка ваквото препознавање?
„Секогаш кога некоја идеја ќе налета на внимание од страна на општествено
одговорна компанија, во мојот случај е со НЛБ групацијата е мотивирачки и
делува инспиративно дека не сме сами, дека секогаш добрите идеи заслужуваат
внимание, почит и поддршка“.
Г.Д.Г