Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“
НЛБ Банка како дел од регионална Групација која оперира на 6 различни пазари во рамки на регионот на Југоисточна Европа (Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија), веќе четврта година по ред го реализира проектот „Рамка за помош“, станува збор за иницијатива која има за цел да ги помогне и промовира иновативините проекти кои го подобруваат и збогатуваат нашето општество и решаваат предизвици како што се на пример: прекумерна употреба на дигитални технологии кај младите луѓе, врсничко насилство, кршење на човековите права, родова еднаквост, сиромаштија, како и предизвици поврзани со деменција и други болести на стареењето на населението.
-Јас сум премногу среќен дека токму нашиот проект е еден од 10-те финалисти во нашата земја. Исто така сакам да напоменам дека овој проект е ново креиран токму за проектот „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата. Според мене како успеавме да го привлечеме вниманието е дека со овој ново креиран проект решаваме големо општествено прашање со Демир Капија за лицата со попреченост. Овој проект е поттикнат од потребата на заедницата односно од лицата со попреченост, нивните семејства, заедницата и локалната самоуправа - вели Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“ како едни од финалистите во проектот на НЛБ Групацијата.
Овој проект односно воспоставување на Центар за дневен престој преку различни сеопфатни услуги ќе ги задоволи потребите на лицата со попреченост преку низа на персонализирани активности, од економски аспект ќе овозможиме континуирано задржување на работниот однос на семејствата кои се грижат и имаат деца со попреченост, и нови вработувања на стручниот кадар кој ќе работи во центарот. Од општествена димензија ќе овозможиме решавање на проблемот на заедницата, односно развој на нова социјална услуга за дневен престој која е мапирана и реална, посочуваат од Здружението.
Во проектот „Рамка за помош“ одбрани се 10 финалисти од нашата земја. Во овој проект ќе има 3 победници кои ќе ги одбере регионалната комисија, од вкупно 60-те финалисти од регионот, како Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Србија и Македонија.
* Како здружение се грижите за поголема социјална интеграција на лицата во социјален ризик и унапредување на условите занивен подобар и поквалитетен живот. Ве молиме објаснете ни поконкретно што ова во пракса би значело?
- Кога станува збор за поголема социјална интеграција на лицата во социјален ризик ние се залагаме за вклучување на овие лица во процесот на креирање на политики кои се по мерка на нивните потреби. Политиките за овие лица треба да се креираат од доле кон горе, што значи во овој процес никој не треба да биде изоставен за да можеме да кажеме дека сите потреби се задоволени, сите проблеми се решени. Кога зборуваме за поквалитетен живот зборуваме за едукација на овие лица преку разни образовни програми за стекнување на нови вештини и компетенции за вклучување на истите на пазарот на труд и нивна економска независност, подобри социјални права и нивна достапност, вештини за самозастапување како и повеќе социјални услуги на локално ниво засновани од потребите на заедницата. Сето ова доведува до интергација на овие лица како и нивна видливост.
* Раскажете ни од кога постои вашето Здружение „Хуманост“ која е вашата главна цел, мисија и како функционирате?
- Здружението за поддршка и развој Хуманост е основано во 1998 година, од тогаш па се досега посветено работи кон остварување на својата визија „Поголема социјална интеграција на лицата во социјален ризик „својата мисија“ Унапредување на условите за подобар и поквалитетен живот на лицата во социјален ризик“ преку краткорочни или долгорочни цели кои се концепираат зависно од реалната ситуација на терен работејќи со лицата во социјален ризик.
Хуманост работи повеќе секторски, односно секторите: за социјална заштита, едукација, млади, социјално претпримништво, креирање политики, психо-социјална поддршка како и медицинска нега и помош.
Преку овие сектори остваруваме низа проекти и активности. Хуманост е лиценциран давател на повеќе социјални услуги од страна на МТСП во Скопје и Демир Капија и тоа за социјалните услуги помош и нега во домот, лична асистенција и живеење со поддршка. Исто така преку 5 верифицирани посебни програми од ЦОВ и МОН за образование на возрасните вришиме едукација на возрасни за стекнување на овие лица со нови компетенции и нивна доквалификација или преквалификација.
* Вашето Здружение „Хуманост“ со проектот „Inclusive Care“ е меѓу финалистите од овогодинешниот проект „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата. Како успеавте да им го привлечете вниманието? Што сметате дека беше пресудно токму ваш проект да биде еден од финалистите?
- Да бидам искрен јас сум премногу среќен дека токму нашиот проект е еден од 10-те финалисти во нашата земја. Исто така сакам да напоменам дека овој проект е ново креиран токму за проектот „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата. Според мене како успеавме да го привлечеме вниманието е дека со овој ново креиран проект решаваме големо општествено прашање со Демир Капија за лицата со попреченост. Овој проект е поттикнат од потребата на заедницата односно од лицата со попреченост, нивните семејства, заедницата и локалната самоуправа. Овој проект односно воспоставување на центар за дневен престој преку различни сеопфатни услуги ќе ги задоволи потребите на лицата со попреченост преку низа на персонализирани активности, од економски аспект ќе овозможиме континуирано задржување на работниот однос на семејствата кои се грижат и имаат деца со попреченост, и нови вработувања на стручниот кадар кој ќе работи во центарот. Од општествена димензија ќе овозможиме решавање на проблемот на заедницата, односно развој на нова социјална услуга за дневен престој која е мапирана и реална.
* Што ве поттикна да се пријавите и кои се вашите очекувања како финалисти?
- Како што напоменав и одговорив на претходното прашање, мотивацијата беше токму од потребата на лицата со попреченост и барањата на заедницата да го решиме овој голем општествено социјален проблем. Иако да бидам искрен по низата состаноци неколку пати ја отварав и затварав апликацијата, се додека едно утро не станав и прво што ми излезе е токму објавата, па си реков во ред, денес сум доволно мотивиран за да го спремам овој проект и нај веројатно тоа е еден знак дека треба да се пријавиме. Кога имаш реална потреба се е полесно за да склопиш во една апликација а притоа да не испуштиш ништо што е во корисност на лицата со попреченост. Бидејќи долги години работиме токму во креирање и импелемнтирање на социјални услуги немаше поголеми потешкотии. Нема да бидам скромен јас лично посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти и токму нашиот проект да стане реалност.
* Дали е доволно вреднувана вашата работа која несоменено има голема хумана димензија? Која е сатисфакцијата да се бавите токму со оваа дејност, и на крајот што ви дава мотив како Здружение, што ве турка напред за подобро утре?
- Нашата работа најмногу е вреднувана од страна на корисниците на нашите социјални услуги (стари и изнемоштени лица, лица со физичка и интелектуална попреченост, лица со други хронични болести). Иако долги години работиме решавајќи ги овие проблеми/предизвици сметам дека треба уште многу да се направи за да бидеме доволно вреднувани како даватели на социјални услуги. Нашата сатисфакција и мотив е токму искрената насмевка и љубов на овие лица за кои се грижиме, кога ќе ја почуствувате оваа искрена љубов, благодарсност се е подруго. Иако испорачувајќи ги сите овие услуги на терен се соочуваме со низа предизвици и проблеми, но станувајќи наутро и помислата дека си помогнал на тој на кој што си му најмногу потребен, нивната искреност и среќа, задоволство, помислата дака си обезбедил похумани услови за живот, а притоа си им го подобрил нивниот живот, се е подруго, се е толку волшебно, таа напивка од сите овие емоции е мотивот за да бидеме овде и тука и да продлжиме да работиме и бидеме се подобри подобри.
* Психо-социјалната грижа за лица со попреченост и нивните семејства е голем
проблем во земјава. Стигмата од заедницата доведува до исклучување на лицата со
попреченост и нивните семејства од редовните животни текови и социјални
збиднувања, а инклузијата на лицата со попреченост станува предизвик. На кој
начин се справувате со ова, дали сметате дека средината и воопшто институциите
имаат дослух и капацитет за промена и прифаќање на различностите?
- Степенот на инклузија на лицата со попреченост е во процес и не е толку многу прифатен како што сметаме дека треба да биде, тоа го кажувам лично од наше искуство. Иако во последните години со новата социјална реформа и инклузивноста во образованието многу работи се мрднати од мртва точка сепак потребата од инклузија на овие лица е огромна и не треба да се гледа од друг агол, затоа што сите сме исти во општеството. Мораме целосно да гледаме на овој проблем од двата аспекта, од една страна да дадеме целосна поддршка на лицата со попреченост, но од друга страна да дадеме и поддршка на семејствата на лицата со попреченост. Овие две работи мора да одат во исто време. Покрај обезбедувањето на престој/грижа и асистенција со нашите услуги, ние активно се ангажираме во пошироката заедница за да промовираме свесност, прифаќање и вклучување на лицата со попреченост, преку организирање на теренски настани, отворени денови, базари, работилници и партнерства со локалните самоуправи, организации.
* И за крај која е вашата порака, на кој начин можеме да го сензибилизираме општеството и луѓето за поголема емпатија и инклузивност?
- Мораме да бидеме отворени за прифаќање на различностите, тие постојат и ќе постојат. Сите сме исти во ова општество и така треба да гледаме на се што се случува околу нас, не треба никој да оставаме зад нас.
*И.С.