По долго и тешко боледување почина Никола Проески,
таткото на легендарниот пејач Тоше Проески.
„Светол пат татко мој“- напиша Дора, сестрата на пејачот.
Никола Проески беше голема подрршка на Тоше во кариерата и во приватниот живот. Смртта на Тоше ја поднесе тешко и никогаш не се помири. Се посвети на изградбата на манастирот „Свето Преображение“ кој беше пуштен во употреба лани.
Сочувство до семејството стигнува од сите страни на светот, посебно од обожавателите на Тоше кои секогаш се добредојдени во нивниот дом.