10 брутални вистини: Поради овие грешки животот неповратно поминува покрај вас!

Можеби ќе бидете изненадени од тоа колку често правиме грешки кои не прават лишени од токму она што го сакаме во животот.

Животот е сложен и не сме родени учени, но тоа секако не значи дека не треба да работиме на себе и да усвојуваме нови знаења и сознанија, кои ќе ни го направат животот полесен, поубав, посреќен и позначаен.

Денеска можеме да наидеме на многу совети како да го подобриме квалитетот на животот, но психолозите се почесто почнаа да укажуваат на грешките кои често и несвесно ги правиме и поради кои ни недостасува токму она кон што се стремиме во животот.

Една таква листа на „грешки“ / животни вистини што ги правиме, во желбата да го добиеме она што го сакаме во животот, направија психолозите Давид Рамадани и Јелена Станивуковиќ, а ние ви ги пренесуваме.

10 неочекувани вистини што треба да ги знаете:

1. Колку повеќе се обидувате да ги импресионирате другите, толку е помала веројатноста да ги импресионирате.

2. Колку повеќе се плашите од неуспех, толку е помала веројатноста да успеете.

3. Колку повеќе се плашите од смртта, толку помалку ќе уживате во животот.

4. Колку повеќе копнеете за партнер, толку помалку привлекувате потенцијален партнер.

5. Колку сте поотворени за своите недостатоци, толку на другите ќе им изгледате посовршени.

6. Колку повеќе „стискате“ некого, толку е поголема веројатноста дека тој  некој ќе замине.

7. Колку повеќе сте убедени дека знаете сè, толку помали се шансите да знаете.

8. Колку повеќе се фалите, толку сте понесигурни во себе.

9. Колку повеќе ја туркате болката, толку повеќе таа се засилува.

10. Колку повеќе ги избегнувате ситуациите од кои се плашите, толку стравот од нив станува посилен.


Фото: unsplash