11 години е постара од него: Партнерката на Златан Ибрахимовиќ е во 6-та деценија и изгледа брутално!

Добивај вести на Viber

Начинот на кој се запознале е урнебесен

Сопругата на познатиот фудбалер живее далеку од очите на камерите и ретко се појавува во јавноста. Станува збор за поранешен модел кој е 11 години постар од Златан. Хелена Сегер има 51 година и сега се бави со бизнис.

Интересно е што Хелена се грижи за бројните спонзорски договори на Златан Ибрахимовиќ, а тие се сретнале - верувале или не - на паркинг.

„Кога го запознав Златан, тој имаше 21 година, а јас 32. Имав богатство и кариера, не ми требаше фудбалер да ме храни. Бев независна. Тој дури и не беше мој тип“.

„Кога првпат го видов, ми го блокираше Мерцедесот на паркингот во Малме со своето Ферари. Всушност, видов само голем нос и златен часовник. Бидејќи бев нерасположена, му се развикав. Му реков прилично грубо да ја помести колата. Мислам дека не му се допадна“, откри Хелена, додавајќи дека „тоа сигурно не е љубов на прв поглед“, изјави Хелена пред неколку години.


„Мислам дека ми се допаѓа Златан затоа што можам да му се спротивставам. Имам важна позадина и кариерата ја градев со многу жртви. Бракот може да го наруши моето чувство за независност“, рече Хелена, додавајќи:

„Не сакам да ме етикетираат како сопруга на фудбалер. Мислам дека луѓето не се свесни колку напорно учев, работев и се борев во животот“.

Пред неколку години се шпекулираше дека Ибрахимовиќ наводно стапил во врска со убавата италијанска новинарка Дилета Леота, и наводно ја изневерувал Хелена. Сепак, тоа никогаш не беше потврдено, а ниту Златан ниту Хелена не ги коментираа овие наводи.


Фото: Инстаграм

Фото насловна: Youtube - screebshoot - Sport Heroes/ Инстаграм - screenshoot