Животна училница // Приказни
37 години, дури 75 страници CV: Диџеј Мац бара работа за невработената сестра за да не си оди од Македонија
Социјалните мрежи се место каде можеме да сретнеме секакви статуси, искажани емоции па дури и простор каде ќе наидеме на приказни во кои брат ќе моли за вработување на сопствената сестра со цел таа да остане дома, во државата.
Таков Фејсбук статус објави Марјан Петровски во јавноста познат како ДЈ-Мац.
Тој пишува дека неговата сестра која е магистер по меѓународно право и дипломатија со перфекно втор научен турски јазик на 37 години е невработена.
Марјан, во статусот додава дека би сакал неговата сестра да остане да живее во земјава и со семејството.
Јас би ве замолил доколку некој има потреба од ПРАВНИК во државава .. Мојата сестра е МАГИСТЕР ПО МЕЃУНАРОДНО ПРАВО И...
Posted by Marjan Mats Petrovski on Четврток, 11 февруари 2021
Во низата коментари под постот, Мац добива голема поддршка.