Аделина Тахири жари и пали во Парос: Женствена, тренди и секси

Добивај вести на Viber

Аледина Тахири и овој пат во модно парче кое е тренд број еден сезонава.

Пејачката секогаш знае како да го привлече вниманието на публиката и следбениците. Таа важи за дама која знае да ја покаже својата убавина и своите атрибути, па така и овој пат во комплет во животински принт во преден план ги истакна бујните гради, но и тенката половина.

Горниот дел наликува на костим за капење кој има длабоки засеци од двете страни на половината, што визуелно ја намалува половината.

А панталоните кои исто така се со животински принт се лелеави кои даваат нота на совршено летно модно парче.

Инаку, деновиве Аделина ги минува на островот Парос во Грција - кој се наоѓа во централниот дел на Егејско Море, како дел од островската група Киклади.

А, животинскиот принт е безвременски модел кој има богата историја, па воопшто не е неочекувано што е во тренд летово. 

Доколку сакате да бидете забележани сезонава и да бидете како трендсетерите и модните блогери тогаш набавете си модно парче со животински принт. Овие парчиња може да се комбинираат на најразлични начини и за секоја пригода.


Фото: Инстаграм

Р.Ж.М.