Актерката е гром: Дури и да се покрие со јорган, ќе ги засени супермоделите - Пенелопе ја „запали“ Индија

Добивај вести на Viber

Пенелопе Круз беше главна ѕвезда на отворањето на културниот центар во Мумбаи!

На отворањето на културниот центар во Мумбаи присуствуваа многу светски ѕвезди како Џиџи Хадид, Зендаја, Пријанка Чопра. Судејќи по тоалетите во кои се појавија, нема сомнеж дека дамите беа на висина на задачата. Меѓутоа, кога Пенелопе Круз зачекори на црвениот тепих, светот како да застана за момент.


Шпанската актерка за разлика од нејзините колешки кои скоро сите носеа позлатени детали, реши да облече долг розов фустан. Деликатната и гламурозна тоалета имаше длабок шлиц на страна, па Пенелопе уште еднаш ги покажа своите совршено извајани нозе. Најмногу внимание привлекуваше преголемата наметка со пердуви што се влечеше по подот, што доби илјадници коментари на социјалните мрежи. Актерката го врза предниот дел од косата, а посебен шмек на оваа комбинација и дадоа лесната шминка и накитот.


„Оваа жена и јорган да навлече, пак ќе е најубава“, „Не знам како Бела или Џиџи Хадид можат да бидат најубави жени покрај Пенелопе“, „Секогаш се грижеше за себе, изгледа многу помладо“, ​​„Секоја чест за нејзините нозе“, „Наскоро ќе наполни 50 години?“, „Најубавата актерка досега, природно убава“, се само дел од коментарите кои можат да се најдат на социјалните мрежи.



Фото насловна: Youtube - screenshoot

Фото: Инстаграм

Фустанот на Пенелопе Круз на модната недела во Париз: Ја истакна фигурата, а има и шик детаљ (ФОТО)