Актуелно // Insta вести
„Он се мачеше една година, јас се мачам триесет и осум“: Силви си ја отвори душата за бракот со Влатко (ВИДЕО)
Влатко и Силви Плевнеш важат за еден од најскладните парови на естрадата кој неколку децении функционира беспрекорно. Своевремено ги отпеаја едни од најголемите хитови по кои и се запаметени, меѓу кои е „Ангели ме носат“ Во една прилика неодамна, во гостувањето на „Нешто конкретно“ тие зборуваа за бракот и за тоа како Влатко ја освоил Силви кое во тоа време била преубава и посакувана девојка.
„Кога се појави на факултетот за музичка уметност, една атомска бомба кога се спушти … сè што беше машко беше заљубено во неа. Мака видов голема да ја освојам, цела година траеше тоа“, изјави ВЛатко на што се надоврза Силви:
„Сега ми ја наплати маката. Онака он се мачеше една година, јас се мачам триесет и седум осум...“ додаде пејачката.