„Амбер ја тепала поранешната девојка“: Адвокатите на Џони Деп жестоко ја нападнаа актерката, а ова се деталите од шок врската која го тресеше Холивуд

„Џони Деп не е единствениот партнер што го нападнавте“, ѝ рекла адвокатката на Џони Деп, Камил Васкез на Амбер Херд, вчера пред судот во Вирџинија, на крајот од вкрстеното испрашување кое траеше два дена. Таа потоа ја потсети поротата на инцидентот од 2009 година, кога актерката беше уапсена за насилство врз нејзината поранешна девојка Тасја ван Ри.

Во 2009 година, Амбер Херд и Тасја ван Ри имаа жестока расправија на меѓународниот аеродром Сиетл-Такома. Според двајца полицајци, актерката ја удрила својата тогашна партнерка по раката, а потоа и го скинала ланчето. Амбер беше уапсена, а обвинителот брзо го отфрли случајот.

За ова се зборуваше и за време на нејзината тужба за развод од Џони Деп во 2016 година, кога Амбер негираше дека извршила насилство и истакна дека обвиненијата брзо биле отфрлени. Ова сега на социјалните мрежи се толкува како лажно сведочење под заклетва.

Што се знае за врската помеѓу Амбер Херд и Тасија ван Ри?

Актерката поради девојката го промени презимето

Амбер Херд и Тасја ван Ри почнаа да се забавуваат во 2008 година. Според магазинот „Пипл“, врската траела до 2012 година, непосредно пред актерката да стапи во врска со Џони Деп.

Други извори, како „Sportskeeda.com“, пишуваат дека актерката и фотографката се разделиле во 2011 година, а Амбер една година подоцна започнала контроверзна врска со нејзиниот иден сопруг.

Британски „Мирор“ ексклузивно ја пренесе веста дека врската меѓу Амбер и Тасја започнала кога актерката имала 22 години, а бидејќи тогаш во САД не биле дозволени геј бракови, поранешната сопруга на Џони Деп во знак на наклонетост кон тогашната девојка, го преоменила презимето во ван Ри, што се дозна за време на парницата за развод во 2016 година (американскиот Врховен суд дозволи склучување истополови бракови во 50 американски држави во 2015 година).

Актерката подоцна го вратила презимето Херд.

Која е Тасја ван Ри?

Поранешната девојка на Амбер Херд е фотограф, чија работа на нејзината Фејсбук страница е опишана како романтизам и текстови проткаени со темнина и интимност. Тасја ван Ри имаше неколку самостојни и групни изложби, а глумеше и во филмот - „Kill of the night“.

Таа е голем љубител на животни, а како што напиша „Пипл“, на својата поранешна девојка Амбер ѝ подарила јоркширски териер, кој подоцна актерката заедно со Џони Деп илегално го вовела во Австралија, заедно со уште едно куче од истата раса.

Таа пред судот се изјасни за виновна за лажна изјава за кучиња на документите за влез во Австралија, но избегна судска казна. Таа подоцна испрати видео извинување со Деп, во кое двајцата апелираат до сите да ги почитуваат законите на оваа земја, напиша Би-Би-Си.

За време на врската со Амбер Херд, која често ја следеше на црвениот тепих, Тасја ван Ри изјави дека најдобро функционира кога е заљубена.

Тие две беа видени заедно во јавноста во 2017 година и се така до 2020 година.


извор:zena.blic.rs

Фото: EPA/Instagram Printscreen

Шок снимка од Амбер и Деп од хотелска соба: Ова е причината зошто Џони својата поранешна сопруга не ја гледа во очи!

„Знаев дека нема да преживеам ако останам. Џони ќе ме убиеше“: Амбер повторно сведочи, а ова е нејзината страна на приказната за изметот во брачниот кревет