„Знаев дека нема да преживеам ако останам. Џони ќе ме убиеше“: Амбер повторно сведочи, а ова е нејзината страна на приказната за изметот во брачниот кревет

Судењето меѓу Амбер Херд и Џони Деп продолжи денеска, по седумдневна пауза, а моментално 36-годишната актерка е таа која ја прикажува својата страна од приказната и повикува сведоци. Таа денеска истакна дека верувала оти ќе биде убиена доколку не се разведе од Деп.

„Знаев дека веројатно нема да преживеам. Бев толку исплашена дека сето тоа ќе заврши лошо за мене. Многу го сакав. Би направила се, но не можев да го направам тоа едно, не можев да останам. Имав се помалку надеж. „Монструмот беше нешто нормално за мене во тоа време. Насилството беше нормално и не повремено. Беше многу тешко, но знаев дека морам да го сторам тоа. Верувам дека работите би отишле предалеку и јас сега не би била овде“, раскажала Амбер.

Таа поднесе барање за развод во мај 2016 година. Призна дека била во лоша физичка и психичка состојба за време на нивниот брак.

„Губев коса, губев килограми. Навистина се разболев, добив херпес. Имав напади на паника. Бев исплашена и многу збунета бидејќи личноста од која се плашев беше и личноста во која бев заљубена“, рекла таа.

Таа додаде дека последното нешто што сака да го направи е да го повреди поранешниот сопруг: „Се молев да не морам да го правам ова. Да не седам овде каде што седам денес. Не го сакав ова. Не сакав да бидам овде. Се што кажав денес и до сега го молев да не ме тера да докажувам дека е вистина. Не сакав да го повредам, го сакав толку многу . Затоа никогаш не поднесов кривична пријава. Не сакав ова да го повреди Џони. Ниту сега сакам ова да го повреди“.

Амбер проговори и за Илон Маск, откривајќи дека го запознала на Мет Гала во 2016 година: „Маск беше таму со неговата мајка. Ме потсети дека сме се запознале порано. Изгледаше како вистински џентлмен. Беше навистин фин“.

Инаку, Маск и Херд се забавуваа за време на нејзината разводна парница со Деп, а романсата траеше до 2017 година.

Таа признала и дека Маск во нејзино име дал добротворни донации во износ од еден милион долари. Имено, Херд ветила дека по разводот ќе ги донира сите пари што ги добила од Џони Деп во хуманитарни цели, но тоа не го направила. Меѓутоа, Илон во тој момент скокнал да и помогне.

„Илон, кој беше мое момче во тоа време, имаше добротворни организации. Тој плати две по 500.000 долари во мое име во 2017 година“, коментира таа, додавајќи дека не може да ги исполни своите ветувања за хуманитарните организации бидејќи до сега потрошила 6 милиони долари за трошоците на судскиот процес против Деп.

На судењето Херд ги спомна и наводите дека му оставила „изненадување“ на Деп во вид на измет на креветот. Оваа информација ја потврди сведокот Стерлинг Џенкинс Трети, возачот и телохранителот на Деп, кој ја пронашол одвратната глетка и фотографирал.

Џенкинс истакнал дека Амбер додека ја возел на фестивалот Коачела во Калифорнија, му рекла дека „нуждата била ужасна шега што тргнала наопаку“.

Од друга страна, актерката тврди дека тоа не го направила таа, туку еден од нивните јоркширски териери Бу, бидејќи бидејќи била кутре имала проблем со контролата на дебелото црево бидејќи ја изела тревата на Џони.

„Апсолутно не го направив тоа. Прво, мислам дека не е смешно. Не бев расположена за шега. Животот ми се распаѓаше. Бев на крстопат во животот и токму на 30-тиот роденден ме нападна мојот насилен сопруг во кој бев вљубена. „Мислам дека тоа не е смешно, одвратно е“, истакнала таа.