Актуелно // Insta вести
Каде за 1 мај? Па на граничен премин Богородица- таму е „забавата“, до Грција тешко
- 01 Мај, 2024
Од година во година се зголемува бројот на македонски жители кои првомајските празници сакаат да ги поминат во соседна Грција. Море, песок, плажа... Ама додека стигнат до морето има една „рампа“ која се вика граничен премин „Богородица“ кај Гевгелија.
Е таму е „забавата“. Од утрово километарски колони за влез кај јужниот сосед. Нервозни граѓани чекаат и по неколку часа, а тоа трае и трае.
Од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) велат дека утринава била забележана зголемена фреквенција на возила и на граничниот премин„ Табановце“, каде времето на чекање за влез во Македонија било околу 15 до 30 минути.