Овде принцезата Дајана има 15, а подоцна ќе го освои светот и ќе почине: Никогаш нема да ја заборавиме
Дијана, Принцезата од Велс, (родена на 1 јули 1961 — почина на 31 август 1997 година) — член на британското кралско семејство и меѓународно позната личност кон крајот на XX век, како прва жена на Чарлс, принцот од Велс, (денес крал) со кого се омажи на 29 јули 1981 година.
Свадбата која се одржа во Катедралата на Св.Павле беше телевизиски емитувана и гледана од страна на светска публика од околу 750 милиони луѓе. Во бракот младенците добија два сина, принцовите Вилијам и Хари, кои во моментот се втор и петти во редот за наследување на кралскиот престол.
Дијана е родена во старо англиско аристократско семејство со благородничко потекло, станала јавна личност уште од денот на објавувањето на нејзината свршувачка со принцот Чарлс и останала во фокусот на вниманието на светските медиуми пред, за време и по бракот кој завршил со развод на 28 август 1996 година.
Вниманието на медиумите продолжило и по нејзината смрт во сообраќајна несреќа на 31 август 1997 година во Париз заедно со нејзиниот партнер Доди Ал-Фајед и возачот Хенри Пол (телохранителот на Ал-Фајед, и единствен преживеан во сообраќајната несреќа бил Тревор Рис-Џонс) како и прикажувањето на јавното жалење по трагично загинатата принцеза една недела подоцна. Современите одговори за нејзиниот живот и наследство се измешани, но интересот за омилената принцеза опстојува.
Дијана исто така добила признание за нејзината добротворна работа, како и за нејзината поддршка на Меѓународната кампања за забрана на нагазни мини. Од 1989 година таа била претседател на болницата за деца Ормонд Стрит.
На оваа фотграфија подолу е токму таа на 15 години, кога тенирала тенис во 1976 година.