На ова со Грашо чекаше 2 децении, а тој ѝ го оствари сонот: Данијела Мартиновиќ и Јосип Плавиќ подготвени да направат голем чекор
Момчето на Данијела Мартиновиќ со овој гест ја воодушеви пејачката
Откако пејачката Данијела Мартиновиќ стави крај на двоипол децениската врска со колегата Петар Грашо, нејзиниот живот доби неочекуван пресврт. Скршеното срце прво го излечи Јосип Плавиќ, поранешен криминален инспектор и момче на Данијела Мартиновиќ.
Данијела за хрватските медиуми откри дека таа и нејзиниот партнер работат на остварување на нејзин голем сон. Имено, двајцата по две години љубов заедно градат дом.
- Многу се радувам на нашата куќа бидејќи веќе ја гледам како наша оаза. Има многу детали поврзани со куќата на која сме посветени и благодарна сум што собравме тим од луѓе кои се посветени на изградбата на нашиот дом – изјави таа за „24сата.рс“.
Данијела го инспирирала својот партнер да ѝ се врати на музиката, а настапува со бендот „Изван закона“, па сега емотивните партнери делат уште една заедничка страст.
Пејачката своевремено за медиумите проговори за љубовта кон Јосип, откривајќи што навистина мисли за него:
- Навистина ми е тешко да зборувам за Јосип бидејќи никогаш не сум имала можност да запознаам таков човек. Тој е мое засолниште, мое безбедно пристаниште, моја поддршка.
Извор: стори.рс