Aqua Allegoria – Заводливи мириси инспирирани од природата

Добивај вести на Viber

...Во некои од најубавите светски градини, извор за инспирација на парфимерот.

Создадени од куќата на Guerlain во 1999 и наградувани секоја година од страна на парфимерот Thierry Wasser, колекцијата Aqua Allegoria постојано ги буди нашите сетила.

Како ода на природата и радоста, овие заводливи мириси зрачат со нивната нежна софистицираност и неверојатна свежина. Дизајнирани од комбинација на неочекувани ноти кои ги истакнуваат своите состојки, секоја од овие хедонистички композиции ни носи една од најубавите градини во светот.


12 миризливи пејзажи,12 мириси, сите дизајнираниод една страственПарфимер и истражувач.

ТАЈНАТА НА ПАРФИМЕРОТ: Необично свежи композиции сочинети од
најквалитетните состојки кои природата може да ги понуди. Тоалетна вода
од постоечките Guerlain парфеми. Свежи, весели креации инспирирани од
патувањата ширум светот.

 Thierry Wasser."Јас сум патувачки парфимер; уживам додека ги
ширам сопствените хоризонти. Мојата градина на суровини е целиот свет;
тоа е неограничено игралиште."

Со својот специфичен дизајн, налик на пчелично саќе, Aqua Allegoria оддава почит на фамозното, познато Bee Bottle.

Aqua Allegoria е колекција која постојано се обновува оддавајќи почит на магичната природа и сировите убавини. Весели мириси кои претставуваат среќни моменти.

Granada Salvia, свежа тоалетна вода која Ве кани на интересно бегство на сетилата. Оваа колекција е комбинација од неочекувани ноти кои ја откриваат убавината на бергамот, скапоцено цитрусно овошје кое се нарекува “зелено злато од Calabria".

Granada Salvia е пенлива тоалетна вода што потсетува на топла Андалузиска градина, доближувајќи го до нас вкусот на извонредната калинка. Јасна свежина од црна рибизла, лимон, бергамот и елегантна жалфија, изразени низ нотите на бел мошус, мов и пачули.


Orange Soleia,

Асоцијација на извонредна градина...На огромни пространства на сицилијанските цитрусни полиња, смеа и сончева светлина, вкусувајќи го сочниот портокал додека дрвата се нишаат на ветерот...

Црвен портокал во комбинација со енергичното нане. Во позадината се чувствуваат шумски ноти и тонка грав, убавината на црвениот портокал со свежината на ментол, розе пиперка и бергамот.