Баби играат на една од најпопуларните песни меѓу младите: На сите им покажаа дека можат и тие да се забавуваат и го воодушевија Балканот

Не е важно колку години имаш, само да се чувствуваш млад. А во свет во кој младите живеат за да ги користат своите мобилни телефони и да се дружат на социјалните мрежи, навистина е освежувачки да се види некој кој знае да ужива максимално.

Имено, на социјалните мрежи се појави видео кое со денови ги остава сите воодушевени. Во него се гледаат баби како играат во дискотека на песната „Бог и батина“ како да нема утре, додека младите околу нив едвај се размрдуваат.

Пеејќи на глас „Bog I batina, princeza tatina“, мавајќи со показалецот во духот на текстот и значењето на песната, покажаа дека секоја возраст може да донесе со себе радост и убавина на животот, како и можноста за прилагодување на новите текови и трендови.


Бабите секако биле ѕвездна вечерта, зарем не?


Фото и Видео: Твитер