10 знаци кои покажуваат дека некој е ваша сродна душа
Што е сродна душа?
Сродната душа, едноставно кажано, е дефинирана како „личност што на друг му одговара идеално како близок пријател или романтичен партнер“ – и тоа е буквално според Оксфордскиот речник.
Според дефиницијата на Wikipedia.org, сродна душа е име што се користи за означување на личност кон која се чувствува длабок афинитет и љубов, без разлика дали е од интимна, сексуална или духовна природа, односно која го претставува идеалот на компатибилност.
Сродните души се две души кои често се вкрстуваат, без разлика што се случува во нивниот живот. Згора на тоа, тие можат да имаат лични битки или нерешени и тешки емотивни конфликти во нивните животи, а таквите тешки моменти ќе бидат само изговор за поминување време заедно.
Кога две различни души се предодредени да бидат една со друга засекогаш, ништо не може да застане на патот на нивната љубов. Нивните судбини не се единственото нешто што се совпаѓа, туку романсата на двајцата е поткрепена со сета невидена поддршка.
Значи, љубовта можеме да ја дефинираме како нешто волшебно, но едноставно ќе биде таква кога е со вистинска личност. Не само што ни ветува неверојатни авантури со нашата предодредена сродна душа, туку нè тера да веруваме во концептот на вечна љубов.
Дали сродните души се реални?
Прашањето дали сродните души се реални зависи од тоа дали душите се реални, што секако е предмет на дебата. Но, дури и ако не верувате во идејата за сродна душа, не може да се негира дека има некои луѓе со кои само „кликате“ на подлабоко ниво од другите. А тоа подлабоко ниво, можеби, е нивото на душата.
Како што вели психотерапевтката Анет Нуњез, таа не само што верува дека сродните души се реални, туку и дека можете да имате повеќе од една. Како што објаснува таа, сродни души се сите со кои имате длабока енергична врска. Можеби веднаш сфативте дека оваа личност изгледа на некој начин познато, па дури и ако не останете засекогаш во животите на едни со други (што е сосема можно), врската сепак е збогатена со силата на врската што ја споделивте.
Повторно, сродните души не се секогаш романтични, па не заборавајте на вашите најблиски пријатели или дури и миленичиња. Според Нуњез, не е невообичаено да имате повеќе од една сродна душа или тие да бидат различни луѓе во вашиот живот.
„Сродна душа“ често се користи за да се опише силната врска помеѓу двајца луѓе кои можат да бидат романтични партнери, додава таа – но тоа не е секогаш случај.
„Верувам дека сродните души не се раѓаат, туку се создаваат, што значи дека можеш да го поминеш остатокот од животот со една личност и да имаш длабока и убава љубовна приказна. Тие се личности со кои градите подеднакво исполнет живот, кој не е секогаш совршен, но ви помага да прераснете во личност која треба да бидете.“
Се разбира, некои луѓе не веруваат во „сродни души“, но убаво е да се мисли дека има некој (или дури и неколку луѓе) кои се наменети за вас. Според д-р Кедериан, во животот постојат различни типови на сродни души, а понекогаш одредени членови на семејството и пријатели може да се чувствуваат како платонски сродни души. „Тоа што го прави животот убав и поврзан е да се приклонуваме кон овие врски и да си дозволиме да доживееме врска која прави да се чувствуваме сакани, и ние мора да научиме да ја прифаќаме оваа безусловна љубов и поврзаност, со сите нејзини тешкотии, како и со нејзините дарови“, објаснува таа.
10 знаци за да препознаете дека некој е вашата сродна душа
1. Почувствувавте инстант врска
Кога ќе сретнете сродна душа, вели Нуњез, ќе има моментална врска, буквално како веќе да ја знаете, иако штотуку сте се запознале. „Едноставно се чувствувате како да сте ја познавале таа личност отсекогаш – тоа е длабока врска каде што едноставно ја препознавате таа душа“, објаснува таа.
2. Ги „препознаваш“ своите души
А кога зборуваме за препознавање, тоа е уште еден духовен знак за средба со сродна душа, навидум необјаснив. Чувствувате близина и убава зањедничка енергија.
3. Вашата љубов еден кон друг е безусловна
„Безусловната љубов“ не може да се случи во токсични врски, врски каде има негативна енергија, караници … бидејќ во случајот со сродни души, тоа е прекрасен подарок што двајца луѓе можат да си го понудат.
Како прво, вистинските сродни души нема да имаат токсичност што ја предизвикува безусловната љубов. Наместо тоа, вели Нуњез, тоа е љубов еден кон друг што постои надвор од границите на времето, растојанието или околностите.
„Постои подлабоко ниво на трпение и разбирање, каде што го прифаќате и не се обидувате да го промените партнерот“, вели таа, додавајќи дека ќе ја прифатите вашата сродна душа онаква каква што е и се што носи во врската.
4. Контактот со очи е интензивен
Врските со сродна душа може да се чувствуваат прилично емотивно, особено во романтични случаи. Како прво, вели Нуњез, контактот со очи меѓу сродните души ќе биде интензивен. Едноставно гледање во очи може да се чувствувате како да гледате во бесконечноста на целото постоење додека истовремено го чувствувате мирот и сигурноста на вистинската врска.
5. Се чувствувате физички привлечени еден кон друг
Сродните души често се чувствуваат физички привлечени една кон друга, речиси како магнети. Според Ричардсон, сексуалната хемија помеѓу романтичните сродни души обично е „надвор од границите“, и како што додава Нуњез, може да почувствувате други физички сензации околу нив, како што се топлина и љубов, пеперутки во стомакот, „играње“ на срцето, општо чувство на удобност и леснотија или споделување на емпатична енергија (исто така познато како усогласување).
6. Емпатија
Без разлика дали чувствувате емпатија физички или когнитивно, сродните души обично се на иста бранова должина. Според Нуњез, кога имате душевна врска со некого, емпатијата меѓу вас двајцата е многу посилна од она што може да го доживеете со другите. Можете да ги комплетирате речениците еден на друг, да знаете што мисли другата личност или буквално да почувствувате што чувствува во секој даден момент.
7. Си помагате еден на друг да растете
Најдобрите врски нè прават да растеме на начини на кои не можевме да замислиме пред да бидат во нашите животи, а тоа важи и за сродните души. „Тие се таму за да ви одржат лекција, па ако во одреден момент имате душевна врска со партнер или пријател, што можете да заклучите од таа душевна поврзаност? Објаснува Нуњез, додавајќи дека оние кои ве поттикнуваат и ве учат на работи во овој живот веројатно се таму за поголема цел на вашата душа.
8. Се поддржувате еден со друг
Нашите сродни души се нашите најголеми навивачки, па ако некој во вашиот живот е секогаш на ваша страна, има добри шанси да ви биде сродна душа. Ричардсон ги нарекува „духовни помагачи“, додавајќи дека оние на кои се чини дека им е судено да се на вашиот пат, честопати се токму такви – предодредени да ве охрабруваат и да се секогаш тука за вас.
9. Заеднички труд
Ако мислевте дека врските со сродна душа ќе бидат 100% лесни, размислете повторно. На крајот на краиштата, растот и трансформацијата никогаш не биле лесни, така што нашите сродни души всушност можат да бидат едни од најголемите предизвикувачи во нашите животи, но потребно е голем труд за да се одржат ваквите врски.
10. Се чувствувате како да сте ги познавале отсекогаш
Без разлика дали сте во врска пет месеци или пет години, кога сте со вашата сродна душа се чувствувате како да ги познавате цел живот. Често се чини незамисливо да не биле таму за одредени животни настани, едноставно затоа што сè уште не сте ги запознале.
Фото:freepik