„Бајрам шериф мубарек олсун“: Зборови зад кои се крие посебно значење, а еве како точно да одговорите

Многумина не знаат како правилно да го честитаат Бајрам и што всушност значи таа честитка, а ние ви го пренесуваме одговорот.

Еид ал-Фитр е исламски празник со кој се одбележува крајот на постот Рамазан. Бајрам муслиманите обично го честитаат вака: Бајрам шериф мубарек олсун. Во превод: „Нека е благословен благородниот Бајрам“. Се одговара вака: Аллах раззи олсун, преведено: „Алах да биде задоволен“.

Рамазан е еден од посебните месеци во исламот. Една од петте основни должности на секој муслиман е постот што се извршува во овој месец. 

Во текот на триесетте дена од Рамазан, муслиманите мора да се воздржуваат од храна, пиење и сексуален контакт со своите сопруги, од утро до зајдисонце. По крајот на овој месец, следи месецот Шевал и првите три дена од тој месец се еден од двата празници во исламот, Еид ал-Фитр (1, 2 и 3 ден во месецот). Го означува крајот на постот. Првите денови (двата) од Бајрам се денови во кои не е дозволен пост.

Првиот ден од Бајрам започнува со утринска молитва наречена Бајрам намаз. Се организираат и јавни прослави, луѓето разменуваат подароци и посети.

Сите муслимански верски празници се пресметуваат според лунарната година, а не според сончевата година


Фото: фреепик