Оваа храна задолжително би требало да се најде на Велигденската трпеза: Секоја намирница има посебна симболика, а една посебно ќе ве изненади
Наскоро доаѓа Велигден, а вредните домаќинки многу размислуваат што ќе подготват за празничната трпеза.
Покрај чорба, предјадење, леб и колачи, на велигденската трпеза треба да се најде и оваа храна.
1. Мед
Од Аристотел до Вергилиј, многу антички автори пишувале за пчелите. Секогаш симболизира позитивни работи, како што се изобилство, мудрост, па дури и зборот Божји. На велигденската трпеза медот ги симболизира апостолите кои како пчели го шират Христовото слово, па добро е да се засладат и сите членови на домаќинството.
2. Јагнешко
Јагнето е симбол на самиот Господ, роден во штала меѓу јагниња, бркани од луѓе-волци. Тој е жртвеното јагне кое трпеливо ги поднесуваше страдањата и смртта, и победничкото јагне кое е Божјо, на небесниот престол.
3. Шарени јајца
Прославувањето на Велигден е поврзано со бројни симболи и обичаи кои варираат од земја до земја, а заедничко им е украсувањето и вапсувањето на јајцата. Токму со него најпрвин се омрсуваат домаќините по велигденскиот пост.
Обоените јајца се симбол на Велигден, иако тие се претхристијански обичај. Овој симбол на пролетното будење на изворот на животот постои и во еврејската религија.
Во деновите кога се празнуваше Пасха, на трпезата беа задолжителни јајцата обоени и варени во кромид. Шарените велигденски јајца традиционално се подаруваат на Велигден и во деновите по Велигден.
4. Погача
Наместо купен леб, направете домашен леб, секако е многу повкусен и поубаво мириса. Лебот е симбол на самиот Господ Исус: „Јас сум лебот на животот“. (Јован 6, 48). Така му рекол Господ Исус на гладниот човечки род.
5. Риба
Рибата е симбол на сите луѓе. Ловењето риба значи фаќање човечки души за царството Божјо. За време на прогонството на христијаните во Римската империја, рибата се користела како христијански знак на препознавање, бидејќи грчкиот збор за риба, „ихтос“ ги содржи почетните букви од фразата „Исус Христос, Божјиот Син, Спасител“.
Иако рибата се јаде за време на постот, таа е ставена и на велигденската трпеза поради својата симболика.
6. Квасец
Квасецот е симбол на небесното царство „затоа што од мала грутка квасец се квасува целото тесто“. Затоа велигденскиот колач мора да се прави со квасец.