Барби диетата моментално е најголем хит во светот: Со овој начин на исхрана слабеете и до 4 килограми за една недела!
Ако ги следите овие
правила, ќе бидете фит до Нова година
Марго Роби моментално снима филм во кој ја игра најпознатата кукла на светот Барби, а за да ги исполни барањата на предизвикувачката улога, холивудската актерка следи строга диета за да ја одржи својата форма, која станува се попопуларна во последно време.
Таа зборуваше за „ Барби диетата“ во неодамнешното интервју за British Women Health. Основниот принцип на оваа диета е следниот: многу малку јаглехидрати и без слатки.
Поентата на оваа диета е да се базира на протеини и влакна, додека шеќерот треба целосно да се елиминира, особено во првите 10 дена. Во овој период е забрането и овошје. После тоа, дозволено е едно овошје дневно.
Внесот на калории не треба да надминува 1200.
Вака изгледа менито на актерката за еден ден:
„Мојот појадок обично се состои од овесни снегулки и шејк за зајакнување на имунитетот. За ручек јадам пилешка салата, а за вечера туна и слатки компири. Во текот на денот пијам чај со кој сум опседната откако живеам во Велика Британија“, рече Марго.
Покрај здравата исхрана за улогата на Барби, Марго се префрли на тренинзи со висок интензитет, со страст за пилатес.
„Секогаш се чувствувам многу подобро по добро истегнување. Но, кога не се подготвувам за улога, претпочитам тренинзи во кои навистина уживам - часови по танц или играње тенис со пријателите“, изјави убавата русокоса.
Фото: Фреепик/Профимедиа
ДИЕТА ВОЛУМЕТРИКС: Нема гладување, а ќе изгубите 3 килограми за 7 дена