Бекам се исфарба и комплетно го промени имиџот: Сега изгледа како помладиот син, кој тргна по неговите стапки (ФОТО)

Дејвид Бекам ги изненади обожавателите и ја промени бојата на коса...

Фудбалерот Дејвид Бекам се појави на тренинг на англиската фудбалска екипа со синот Ромео Бекам, а во таа прилика сите забележаа дека го променил имиџот.

Имено, љубителите на фудбалот, но и Инстаграм следбениците на Бекам веднаш забележаа дека Дејвид сега е платинесто рус.

View this post on Instagram

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Дејвид Бекам е познат по промените на бојата на косата. Многумина би кажале дека има многу години за ваков вид на експерименти, но ни на 47 години не може ништо да го спречи да си игра со својот стил.

Расположениот Бекам на натпреварот делеше автограми и се фотографираше со присутните обожаватели, додека неговиот син Ромео едвај успеваше да се пробие низ гужвата која се создаде околу неговиот татко.

View this post on Instagram

A post shared by ROMEO (@romeobeckham)

Се смета дека токму Ромео му бил инспирација на својот татко за новата фризура, бидејќи на почетокот на оваа година, 20-годишното момче ја имаше исфарбано косата во истата нијанса.

За потсетување, Ромео тргна по стапките на својот татко. Тој исто така е во спортските води и игра фудбал во Мајами. Покрај тоа, и со изгледот многу потсетува на познатиот фудбалер.

View this post on Instagram

A post shared by ROMEO (@romeobeckham)

За разлика од брат му Бруклин, кој поради споругата го заборави семејството, Ромео по раздеблбата со девојката, секој слободен момент го поминува со семејството.

фото: Принтскрин / Инстаграм