„Богата русокоса“ е најголемиот тренд за бојадисување на коса за претстојната пролет: Еве како да го постигнете тоа
Веројатно сте слушнале за трендот на бојадисување на косата „Expensive Brunette (Богата бринета)“: повеќедимензионална луксузна боја на коса која стана популарна во зимата 2021 година и која ќе биде прва во трендовите на бојата на косата во 2022 година. Но, овојпат за русокосите кои сакаат позабавна боја на коса.
Доаѓаат добри вести за љубителите на русите тонови - оваа нијанса ќе се смета за голем тренд напролет, предвидуваат фризерите. Името на трендот е „богата русокоса“, а еве како да го постигнете овој изглед.
„Сите сте слушнале за трендот на „богато кафена“ или „богата бринета“, а сега ова преминува во тренд „богата русокоса“, им порача на своите следбеници на својот Инстаграм профил познатиот фризер Том Смит. Овој професионалец ја издвои оваа боја на косата како нешто кон што треба да се стремите доколку сакате да ја промените или „апдејтирате“ вашата руса коса.
"Тоа е навистина мек контраст, така што има помалку нијанси на косата, но не е една боја. Сè уште има димензија, сè уште има посветли и потемни нијанси", објасни Том. „Генерално, тоа е потопла нијанса, но мислам дека ова ќе оди навистина добро на пролет“, додаде тој. Видеото покажува слика на актерката Кришел Стаус, која минатото лето ја промени бојата на косата од боја на карамела во посветла и потопла русокоса.
Како да ја постигнете оваа боја на коса
Техниката верно ја следи онаа на „богата бринета''. За да го добиете тој луксузен, богат изглед, вештиот спој на различни руси тонови ќе ја подигне посветлата коса на ново ниво во споредба со изгледот што го добиваме кога ќе посегнеме по боја од кутијата или box hair dye.