Бојана Скендеровски: По 35. година, имам лице какво што заслужив

Добивај вести на Viber

Водителката и пејачка Бојана Скендеровски, вели дека убавината на секоја жена најмногу зависи од негата. Водителката на емисијата „Улица Македонија“ е мајка на Искра која има една ипол година и е во седмиот месец од бременоста. 

„ За мене постои филозофијата дека по 35. година имате лице какво што заслужувате, тоа значи дека сѐ зависи од тоа како го негувате. Користам квалитетни препарати, зошто за мене е секогаш попаметно да скратам на некое парче гардероба, а да купам поскапо козметичко средство за лице. Ја користам колекцијата на „Еуцерин“ и „Есте Лаудер“, рече Бојана за Женски магазин. 

Откако ја роди Искра, таа раскажа дека линијата ја одржува со хроно начинот на исхрана. 

„Моментално не ја одржувам линијата, зошто сум во шестиот месец од бременоста, но кога внимавам тоа е Хроно исхраната, која е ултимативен начин за слабеење и одржување“, откри Бојана.