Бојана Скендеровски промовираше песна со феминистичка порака и провокативен спот (ГАЛЕРИЈА)

Бојана Скендеровски го одржа ветувањето кое го даде на крајот на мај, дека сериозно ќе се посвети на правење нови хитови, па така, по „Среќа и несреќа“, се создаде уште еден, предновогодишен, „Ми треба“.

Поп-пејачката сношти одржа промоција во Продукција „Скендеровски“, на двете верзии, македонската и српската, и за крај, ја испеа песната во живо, во придружба на бенд.

- Ништо без трубачи“, рече Бојана за песната која е весела и соодветна за овој период од годината. За неа, оваа песна е феминистичка и им ја посветува на сите храбри жени.

- Одично се забавувавме додека го работевме спотот, и благодарам на Марјана Станојковска и на Ведрана Ѓорѓевиќ што по еден повик прифатија да снимаат со мене“, рече Бојана. Во спотот се појавуваат и други пријатели на пејачката, како Миле Кузмановски, Ферус Мустафов, Мики Црнокрак, Зоран Љутков и други. Пред да се пушти спотот, водителката на настанот, новинарката Александра Сани Тимковска рече дека воопшто не е лесно да се сними нешто вакво, и најави „мејкинг оф“ видео- како се работеле спотовите.


Автор на песната е српскиот композитор Саша Милошевиќ- Маре, кој на публиката ѝ е познат од шоуто „Никгаш не е доцна“. „Молитва“, песната со која Марија Шерифовиќ победи на „Евровизија“ во 2007 година е негово дело. Маре беше гостин на промоција и рече дека му е драго што по втор пат се дружи со пријателите на истото место, откако претходно беше во мај, на промоцијата „Среќа и несреќа“, чиј автор е. Александар Ристовски- Принц го изработи спотот и е негов режисер. Маре е комплетен  автор на српската верзија на песната која се вика „Докази“, а препевот на македонската, го направи Огнен Неделковски.

- Сè уште имам желба да одам на Евровизија со песна од Маре“, рече Бојана која во песната пее интересни стихови: Слободна сум своја жена, родот машки не го ценам“. Зад неа секогаш стои сопругот Васко Скендеровски, кој е дел од нејзиниот тим, и е сценарист на спотот.  

Следната година во ова време, Бојана најави солистички коцерт, и рече дека ќе се потруди и тоа ветување да го оствари.

М.Џаровска

Фото: Вангел Тануровски