Болни слики на татко додека го гушка бебето спасено од урнатините во Газа: Солзи над синот кој не можеше да го пушти од раце

Шокантни фотографии од татко кој го видел своето дете, за прв пат откако било извлечено од урнатините во Газа, го обиколија светот.

На нив се гледа како човекот, Мохамед Хадиди, во солзи се приближува кон петмесечното бебе Омар, кој беше ставен во завои на болнички кревет, откако беше изнесен од урнатините претходниот ден.

Видно потресениот татко го прегрнал својот син и ја потпре главата кон градите, плачејќи на цел глас. После тоа, како да не сакаше да се оддели од детето, цело време го држеше за раката со солзи.

За Мохамед Хадиди, малиот Омар е единствената работа што му остана во животот, по нападот во кој беше убиено скоро целото семејство - неговата сопруга и четири сина.

- Мојата сопруга отиде да го посети својот брат и бидејќи децата уживаа да си играат со своите роднини, тие останаа таа ноќ таму. Фала му на Бога, сè уште го имам Омар - рече Мохамед за „Обсервер“.


Палестинците наведуваат дека куќата во бегалскиот камп била погодена без никакво предупредување.

Израел продолжи да го бомбардира појасот Газа и во саботата, а најмалку 10 Палестинци, претежно деца, беа убиени во воздушен напад во градот Газа. Ова е најголемиот единствен напад од почетокот на оваа недела, кога започнаа нови конфликти меѓу Палестина и Израел.

Милитантите на Хамас реагираа со истрелување ракети кон Израел, пред доаѓањето на американски советник во Тел Авив, кој ќе се обиде да постигне примирје меѓу двете страни.


Foto: Profimedia/Zuma Press