Дарко Лешоски: Дожд
Еден поинаков концепт на поетот и сестран уметник Дарко Лешоски специјално за Женски магазин. Преку медиум- видео форма ги растура своите мисли- всушност „чудни“, необични зборови од секој светски јазик кои имаат длабоко значење, а тој се надоврзува на суштината на зборот со одлична нарација, умствена „гимнастика“ и визуелен опис.
„Petrichor“– именка, потекло: Грчки јазик
Πετριχώρ (Petrichor) - првиот мирис на дожд кој паѓа на сува земја. Потекло: Грчки јазик. Именка. Доаѓа од πέτρος (pétros) ‘камен’, and ἰχώρ (ихор), течноста која тече наместо крв во вените на боговите.
ДОЖД
Петре М. Андреевски
Врне кај тебе, врне кај мене:
паѓа некој питом дожд,
како призивна молитва на тревите
кои постојано се наведнуваат
и така го фалат и слават.
Врне на тебе, врне на мене:
и сега само дождот ме потсетува
дека повторно сме заедно,
о, сега само дождот ми кажува
дека никогаш не сме се оддалечиле.