Бујната руса коса ѝ е заштитен знак: Претседателката на Словачка во Македонија пристигна во кралско син елегантен фустан (ФОТО)
Претседателката на Словачка, Зузана Чапутова денес е во официјална посета на Македонија.
Свечена церемонија за нејзиниот прече,к и добредојде, прв ѝ посака претседателот Пендаровски во Вила Водно, и објави фотографии и видеа од настанот.
На церемонијата Чапутова пристигна облечена во кралско син, елегантен фустан со паф ракави и салонки во беж боја.
Заштитен знак на убавата Чапутова е нејзината долга и бујна руса коса која денес ја имаше стилизирано во опуштени локни.
Убавата Зузана, заедно со сопругот Јурај Ризман се родители на две деца и таа е петтиот по ред претседател на Словачка.
- Добредојде за претседателката на Словачка, Зузана Чапутова.
Разговаравме за билатералните односи, словачките искуства од процесот во пристапување во ЕУ, сојузништвото во НАТО и безбедносните предизвици во регионот и Европа.
Во овој критичен момент за европската безбедносна архитектура Словачка е искрен поддржувач на македонските евроинтеграции - напиша Пендаровски