Цеца, Карлеуша и бројни неутешни sвезди се збогуваат со српската мајка на естрадата: Познатите скршени на погребот на Марина Туцаковиќ

ФОТО: ANTONIO AHEL/ATA IMAGES, STEFAN STOJANOVIĆ ZA MONDO

Најпочитуваниот текстописец на овие простори, Марина Туцаковиќ, почина на 19 септември, а нејзиниот погреб се одржува денеска на Новите гробишта.

Марина Туцаковиќ почина на 67 -годишна возраст во клиничката болница „Драгиша Мишовиќ“, по долго и тешко боледување. Таа со години се лекуваше од рак на дојка, а во последните денови од нејзиниот живот, ѝ беше дијагностициран ковид.

На барање на Марина Туцаковиќ, таа ќе биде погребана покрај нејзиниот син Милош Радуловиќ, а не во Алејата на Великаните.

Погребот се одржа на Новите гробишта, и како што неодамна објави нејзиниот син Милан Лаша Радуловиќ, бројот на луѓе во капелата ќе биде ограничен поради мерките на претпазливост поради пандемијата на коронавирусот.

Меѓутоа, голем број од оние кои својата голема кариера ѝ ја должат на покојната Марина Туцаковиќ, која многумина ја нарекоа „мајка на естрадата“, дојдоа да се збогуваат со еден од најголемите уметници на овие простори. Меѓу нив се Саша Матиќ, Јелена Карлеуша, Светлана Ражнатовиќ, Жељко Јоксимовиќ, Оливер Мандиќ ...

фото:ANTONIO AHEL/ATA IMAGES, STEFAN STOJANOVIĆ ZA MONDO

извор:GLOSSY