Животна училница // Приказни
„Нека незаодната светлина од празникот на Христовото Воскресение - Велигден, ни биде нераскинлива нишка што ќе не поврзе сите Македонци“: Велигденска порака на г.г. Стефан
Возљубени празникољупци,
Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење! Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата.
Повеќе за информацијата прочитајте на Фактор.