Целото лице ѝ изгорело во пожар: Најмногу се плашела како ќе реагира момчето кога ќе ја види, а поради неговите постапки луѓето се воодушевија

Една обична ноќ која требало да ја помине со своето момче во неговиот стан, за 24-годишна студентка од Рејкјавик, била онаа во која за малку ќе го загубела животот во облак чад. Не во метафорична, туку во вистинска смисла. Огнената стихија не ја понела со себе, но и оставила трајни промени, последици и сеќавања на психофизички план. Нејзиниот најголем страв бил дека нејзиното момче ќе ја остави откако ќе ја види со бројни изгореници.

Солрун Валдорф од Рејкјавик на Исланд отишла да преноќи кај своето момче Рахмон Анваров во октомври 2019 година. Додека тие уживале во своето љубовно гнездо во подрумот на зградата во која како потстанар живеел нејзиниот емотивен партнер, пожарот избувнал поради навидум безопасна човечка грешка и почнал да се шири со голема брзина. Солрун и Рахмон не успеале навреме да побегнат, изгубиле свест, но, за среќа, пожарникарите ги извлекле од пожарот. За жал, таа била во тешка состојба, пренесува „Дејли мејл“.

Поради последиците завршила во кома еден месец и била префрлена на лекување во Шведска. Откако се разбудила од кома, таа минала уште еден месец на рехабилитација во оваа скандинавска земја, а покрај тоа што морала да се бори за живот, да застане на нозе поради атрофија на мускулите, да се справи со траумата и да ја прифати новата состојба, најмногу се плашела да го види своето момче. Таа верувала дека првата средба по страшниот пожар ќе им биде и последна.


За среќа, нејзините стравови не биле оправдани, со оглед на тоа што Рахмон останал со неа - во добро или во лошо.

Ова ѝ ја дало потребната сила да се соочи со светот, луѓето, коментарите, шегите и шепотите, но и да коментира на Инстаграм каде сега гордо ги носи своите лузни како медал и без двоумење ги објавува своите фотографии сакајќи да им помогне на луѓето кои се соочуваат со слична траума, како и да се подигне свеста за заштита од пожари.


Пожарот избувнал при подготовка на вечера


„Пожарот се случи на 23 октомври 2019 година. Моето момче изнајми соба, а јас преноќив кај него. Додека спиевме, газдата дојде дома и почна да готви. Од некоја причина маслото се запали. Немаше противпожарен апарат, па го зеде тенџерето и се обиде да побегне со него. Но веднаш пред влезната врата го испушти тенџерето и огнот се рашири исклучително брзо низ целата куќа. Бевме во подрумот, па влезната врата беше нашиот единствен излез. Се разбудивме и ја отворивме вратата од спалната соба, го видовме пожарот и испаничивме“, ја започна приказната младата Солрун.

„Имаше прозорец на терасата во собата што моето момче се обиде да го скрши со канцелариско столче. Но имаше многу чад и бевме многу слаби. Мислам дека многу брзо се онесвестивме. Колку што ми кажаа, пристигнале пожарникари пет минути подоцна и успеале да го изгаснат пожарот. Го најдоа моето момче на подот. Но бидејќи јас не живеев таму, не знаеја дека ќе има друго лице во собата. Кога пожарот беше под контрола, случајно ме најдоа во креветот на моето момче и успеаја да ме извлечат“, објаснила понатаму.

Закрепнувањето било долго, болно и неизвесно и се‘ уште трае.

Таа се разбудила еден месец подоцна во Шведска. Имала болки во грлото, била многу дезориентирана и земала неколку видови на седативи. После еден месец во кома, нејзините мускули го изгубиле тонусот.

После тоа следеле операции и повторно научила да оди. Севкупно, таа била во Шведска два месеци - едниот во кома, а другиот на рехабилитација.

Морала да ѝ се направи трансплантација на кожа, но и операција чија цел била да се исчисти слузта од нејзините бели дробови. 

Рахмон имал изгореници на рацете, градите и грбот и бил на домашно лекување во Исланд. Солрун го немала видено своето момче два месеци.

„Поминав многу време грижејќи се дека ова ќе биде премногу. Не само што не изгледав како порано, туку имав и ограничени опции и ми требаше помош за сè. Бев загрижена дека тој нема да сака да биде со мене повеќе. Се врати од Исланд, беше прекрасен и полн со разбирање. Целосно докажа дека моите грижи се погрешни. Разбирам дека тоа е мојот ирационален страв и тој никогаш не покажа или направи нешто за да ме натера да верувам дека ќе замине. - рече искрено Солрун.


Враќање на нормалниот живот

Кога првпат се разбудила од кома, Солрун не сфатила колку се сериозни, тешки и големи изгорениците, иако ѝ ги покривале лицето, рацете и нозете. Кога го видела нејзиното лице под завојот, било прилично трауматично.

Секојдневието е тешко за Солрун, чии бели дробови беа тешко оштетени во пожарот. Солрун рече дека има малку енергија.

„Ако еден ден одам во супермаркет, тој ден не можам да работам ништо повеќе. Можам да дишам само со 30-40 отсто од белите дробови, а често добивам бронхитис и пневмонија“, вели таа.

Солрун очекува и реконструктивна операција на лицето. Таа има проблеми со отворањето на устата бидејќи има толку многу лузни, па тие би морале да ѝ ја прошират устата, како и да ѝ го реконструираат носот.


Фото: Инстаграм