Данскиот принц „полуде“ за својата снаа, па пијан се обиде да ја бакне во уста: Скандал кој го уништи семејството

Скандалозна приказна се шири во странските медиуми. Изгледа дека принцот Јоаким од Данска безнадежно е заљубен во својата снаа, принцезата Мери.

Скандалозна недела во данскиот дворец откако кралицата Маргарет одлучи да им ја одземе титулата на децата на својот најмлад син. Принцот Јоаким тврди дека неговите деца Николај, Феликс, Хенрик и Атина се „вознемирени“ по одлуката на кралицата.

Среде споменатиот скандал, принцот Јоаким (53) и неговата сопруга, принцезата Мари (46) признаа дека немаат добри односи со престолонаследникот Фредерик (54) и неговата сопруга Мери (50).

Меѓутоа, сега шпански магазин дојде до скандалозни тврдења. Имено, според нив, конфликтот во кралското семејството од Данска, настанал поради тоа што принцот Јоаким „длабоко бил заљубен во својата снаа Мери“.

Дури е објавено и видео на кое се гледа како Јоаким се обидува да ја бакне Мери за време на една свечена забава.

Шпанскиот магазин напиша: „Очигледно пијан, изгледа дека помладиот син на кралицата Маргарет се обидел да ја бакне во уста својата снаа, но таа се тргала колку што можела со немоќна насмевка на усните, додека неговата жена била била сведок на овој чин“.

Странскит е медиуми шпекулираат дека Јоаким бил „длабоко заљубен во својата снаа“ веднаш по венчкавката на Фредерик и Мери во 2004 година.

„Не помогна дури ни тоа што во 2007 година ја објави својата веридба со принцезата Мари, која дури има и исто име и неверојатна сличност со негоавта снаа“ - пишува магазинот.

Овие гласини, кралското семејство се одлучи да ги дематира со заеднички официјални посети на принцовите и принцезите на Данска.

Кралицата Маргарет и нејзиниот најстар син одбија да ги коментираат овие нови наводи.

фото: Принтскрин / Инстаграм