Денеска изгледаат сосема поинаку: Него го паметиме како згодниот Алехандро, а неа како негативката од серијата „Руби“ (ФОТО)

Актерот Едуардо Сантамарина ги собра симпатиите на жените ширум светот со улогата на Алехандро во познатата серија „Руби“...

Главниот лик, по кој серијата го доби и името, ја играше преубавата актерка Барбара Мори, додека ликот на згодниот Алехандро му припадна на Едуардо Сантамарина.

Тие двајца во текот на серијата имаа најмногу заеднички сцени, а серијата постигна огромен планетарен успех.

Возбудливите заплети во серијата беа нешто на што публиката не остана имуна. Токму тоа беше причината поради која оваа серија постигна невидена гледаност.

Љубовната приказна на Руби и Алехандро беше проткаена со страст, но за жал со трагичен епилог. Руби беше заљубена во докторот Алехандро, кој имаше една мана - беше сиромашен, а тоа беше главната пречка за нивната љубов, бидејќи Руби сепак повеќе ги сакаше парите.

Овој актер и понатаму е голема ѕвезда во Мексико. Снима филмови и серии. Неговата венчавка во 2009 година предизивика голем интерес, најмногу поради тоа што се венчаше со колешката Мајрин Виљануева, која исто така е голема ѕвезда, кога се сериите во прашање.

Од тој брак ја добија ќерката Хулија. Иако актерот ја гази шестата деценија од животот, и понатаму изгледа многу шармантно.

Руби е 12 години помлада од Едуардо и сега има 44 години. Во текот на животот наидувала на многу препреки, а болеста за малку ќе ѝ го одземеше она највредното - животот. Го преживеа ракот на дојката, а нејзината борба не била воопшто лесна.

Барбара беше во брак со Кенет Реј Сигман, американски играч на бејзбол. Меѓутоа, таа романса не траеше долго, а по една година одлучија дека е време за развод.

Неодамна странските медиумите пишуваа за тоа дека сега познатата Руби е во врска со мексиканскиот режисер Фернандо Ровзар, а актерката „цвета“ од среќа.

View this post on Instagram

A post shared by Barbara Mori (@delamori)

Таа од време на врема на социјалните мрежи споделува фотки од себе и сите се согласуваат во едно - дека е поубава од било кога. Дали е во прашање позитивното влијание на љубовта или едноставно со годините почнала повеќе да се сака себе и животот останува да видиме.

фото: Принтскрин / Јутјуб