Деветчасовна забава со Дебора Де Лука, Махмут Орхан, Сенида: Возбудливи светски и регионални ѕвезди доаѓаат во Струмица на „Get EXITed“ фестивалот

Добивај вести на Viber

Возбудливи светски и регионални ѕвезди доаѓаат во Струмица на „GetExited“ фестивалот!

Годинава за првпат во Македонија ќе се одржи „Get EXITed“ - сосема нов фестивал под брендот EXIT кој ќе се организира во Македонија од следната година.

Get EXITed забавата ќе се одржи на 7-ми септември во големиот градски парк во Струмица, а најавени се возбудливи светски и регионални ѕвезди!

На големата летна забава доаѓа една од водечките италијански техно ѕвезди Deborah De Luca, глобалниот хитмејкер, продуцент и DJ Mahmut Orhan, неприкосновената балканска кралица на трапот Senidah и еден од најпознатите DJ-и со интернационална кариера, Kristijan Molnar.

 

 
А како што соопшти градоначалникот на Струмица, Коста Костадинов, влезот на оваа забава која ќе трае дури девет часа, е слободен!

Тој додаде дека со Get EXITed во Струмица се најавува започнувањето на Exit фестивалот во Македонија, планиран за 2023 година, а истото го најавија од официјалниот профил на EXIT - големиот летен фестивал кој секоја година се одржува во Нови Сад, Србија и е прогласен за „Најдобриот Европски фестивал“.