Димитар и Марјана танцуваа на сцената: А еве кои изведувачи ќе ги гледаме и на втората вечер од фестивалот „Макфест“
Вчеравечер во Домот на културата
„Ацо Шопов“ во Штип започна 37-мото издание на музичкиот фестивал „Макфест“, кое ќе трае два дена (21 и 22 октомври). Годинава според организаторите ќе се претстават 24 нови композиции.
Водителите на фестивалот Марјана Станојковска и Димитар Атанасовки ги изненадија присутните и гледачите пред малите екрани, покажувајќи ги нивните танцувачки вештини.
Марјана како и секогаш одлично стилизирана, со фустани кои ја истакнуваат нејзината фигура и секогаш на висина на задачата. Но и Димитар изгледаше елегантно во костум.
На првата вечер од еминентниот музички фестивал од кои произлегле многу евергрини, се претставија неколку млади надежни музички ѕвезди. Шест од нив ќе ги видиме повторно и вечерва.
Благица Ѕунзуровска – Блеа, Марија Атанасова, дуото Боно и Кристина, Марија Спасовска, групата Александар и Балкан Бенд и ќерката на Соња и Јован Тарчуловски, Мелани.
Фестивалот го збогати и македонскиот шоумен Игор Џамбазов кој отпеа неколку негови песни, но и ја поздрави неговата љубена Илина, која како што рече му недостасувала многу.
Вечерва, 22 октомври на сцената во Домот на културата „Ацо Шопов“ освен 6-те изведувачи кои се пласираа во финалната вечер, ќе настапат и едни од најпознатите имиња на македонското музичко ѕвездено небо.
Инаку, годинава нема да има парични награди за победниците. Според организаторите, поголемиот дел од пејачите и авторите на композициите биле противтаквиот начин на наградување. А главен покровител на фестивалот е општината во која се одржува „Макфест“, Штип.
Фото: Инстаграм