Драган Бјелогрлиќ го расплака Скопје: Маестрaлна изведба на „Лет над кукавичкото гнездо“ во МНТ

Добивај вести на Viber

Фото: Драгана Удовичиќ

Драган Бјелогрлиќ, Слободан Бода Нинковиќ, Мима Караџиќ и целата екипа на Белградскиот драмски театар маестрално ја изигра претставата „Лет над кукавичкото гнездо“, според текстот на Кен Кеси и Дејл Васерман, а во режија на Жанко Томиќ.

Големото враќање на Бјелогрлиќ на театарската сцена беше голем настан и во Скопје како и претходно во Белград. И покрај неговите успеси со хит-сериите кои ги режира, продуцира и во кои глуми последниве години, вистинскиот актер секогаш му се радува на враќањето во театарот. Аплаузот и овациите по претставата на скопската публика само го потврдија вистинскиот избор на познатиот актер.

Дел од публиката, се расплака на крајот на емотивната драма која зборува за притисоците на поединецот во општеството, слободата на духот, пријателството и менталното здравје. Дејствието се случува во душевна болница, а на Бјелогрлиќ совршено му прилега главната улога на Редни Патрик Мекмарфи, или како што пријателите од одделението во болницата го викаат, Мек. Велејќи им на своите пријатели дека не се болни, Мек на свој начин постепено ги убедува да излезат од рутината на болницата и да се соочат со надворешниот свет. Бунтовниот Мек внесува доза на радост во нивното монотоно секојдневие кое го контролира главната сестра Речид.

Впечатлива, а на крајот и клучна улога игра Бода Нинковиќ, како поглавицата Бромден,. Познатиот Мима Караџиќ е во улогата на Чезвик, и нивното искуство ѝ дава на квалитет на оваа претстава.

Играат и Милан Чучиловиќ, Даниел Сич,Младен Совиљ, Срѓан Дедиќ/Јово Максиќ, Милица Зариќ, Саво Радовиќ/Милош Петровиќ Тројпец, Ненад Гвозденовиќ, Јана Милосављевиќ, Владан Милиќ, Милош Лазаров/Урош Јанковиќ, Зоран Ѓорѓевиќ, Анка Гаќеша-Костиќ/Ања Алач, Нада Мацановиќ/Маја Ранѓиќ.

Во оваа култна претстава во Белградскиот драмски театар театар до неодамна играше Марко Живиќ, кој почина лани, а играл и покојниот Милорад Мандиќ- Манда, но и колегата на Бјелогрлиќ од серијата „Подобар живот“, Борис Комнениќ кој исто така почина лани.

На Бродвеј пак, во седумдесетите, сегашната улога на Бјела ја играл Кирк Даглас. БДГ гостуваше во Скопје два дена по ред, и билетите рекордно се распродадоа, Полната сала и интерсот покажа дека комотно можеше да има и трета, па и четврта претстава.

Милица Џаровска

Фото: Драгана Удовичиќ