Две дами го „украдоа шоуто“ на изборот на Македонски маж на годината: Холивудски гламур
Вчеравечер во хотелот Doubletree by Hilton Skopje, по традиционален 5-ти јубилеен пат се одржа изборот за Маж на година за 2022 година во организација на Фрајдеј Комуникации и Џентлмен Магазин Имаше неколку категории во кои беа номинирани мажи кои направиле нешто, оставиле нешто вредно, сработиле нешто посебно, биле и се хуманитарци, и такви кои се облекуваат убаво. Манифестацијата изобилуваше со познати личности од јавниот и општествен живот во Македонија, дотерани и помалку дотерани, некои и многу едноставни за настан во кој се очекува гламурот да го даде последниот збор.
Интересно е тоа што кај повеќето од мажите се забележуваше навистина стил за пофалба, што не беше случај со жените кои беа дојдени како гостинки. Се разбира, постоеа исклучоци.
Две дами посебно се издвоија. Едната е Миа Костова, која беше водителка на настанот и водителката Ирена Спировска која беше презентерка на награда.
Миа се појави во бомбастично издание- припиена тоалета во која доминираше длабокото деколте, а ја надополни со ракавици и влечатливи бисери.
Бисерите исто така беа дел од креацијата на Ирена Спировска, ама не како моден додаток, туку распоредени преку целиот фустан.
Инаку, наградата за маж на годината за 2022 година му припадна на маестро Симон Трпчевски- сосема заслужено.
Фото: Вангел Тануровски
Н.Т.
ГАЛЕРИЈА: