Евдокија Исакова има 103 години, прележа и корона и шпанска треска: Лекарите се крстат, не веруваат

Никој ништо не ѝ може на оваа супер бабичка!

Евдокија Исакова има 103 години и го победи коронавирусот.

Во болницата била примена четврти ден откако се појавиле првите симптоми, па лекувањето започнало навреме.

Според резултатите од компјутерската томографија, откриено е значително оштетување на ткивото на белите дробови, но баба Евдокија се чувствувала добро.

Сепак, после неколку дена состојбата ѝ се влошила и била префрлена на интензивна нега. Лекарите успеале да ја стабилизираат, но таа самата е најзаслужна за нејзиното закрепнување.

- Многу е витална, има голема желба за живот. Сама правеше вежби за дишење, имаше добар апетит и што е најважно, не дозволуваше да ѝ падне духот – објасни докторката.

Баба Евдокија од Русија исто така била заразена со шпански грип во времето на таа епидемија.

Поради ковидот, таа помина две недели во болница, а откако ја напуштила, лекарите ѝ подариле букети цвеќе и ѝ посакале добро здравје.

ВИДЕО:


извор:telegraf.rs